Меѓународен на сеќавање на Холокаустот – приказната е запаметена, но иднината е таа кон која треба да се стремиме

За да зборуваме за сагата на преживеаните од Холокаустот, потребни ни се илјадници часови и милји реченици за да ги опишеме сите тие геноцидни лавиринти низ кои поминал еврејскиот народ воопшто, а особено еврејските жени и девојки. Сепак, ние треба и мора се помириме со минатото, но никогаш да не го заборавиме. Приказната е запаметена, но иднината е таа кон која треба да се стремиме и работиме.

Ова се само дел од пораките кои беа посочени на денешната комеморативна академија по повод 27 јануари – Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот организирана од Одделот за едукација и истражување на Холокаустот при Институтот за духовно и културно наследство на Албанците (ИДКНА) во Скопје.

Темата на комеморативната академија е „Сагата на преживеаните на Холокаустот – Ја предизвикаа смртта – го засадија семето на животот“, а е посветена на еврејките и девојките кои избегаа од канџите на смртта.

Според директорот на ИДКНА, Скендер Асани, содржината што произлегува од насловот најдобро ја изразува димензијата на човечката трагедија, која се играше пред очите на целиот свет, во средината на минатиот век.

Темата, како што рече Асани, го носи овој наслов за да докажеме дека ние што си ги знаеме тагите едни на други, ни е полесно ѝ простуваме љубов и разбирање, кон сите тие на кои во најтешките времиња им е доволна само една насмевка.

Тој потсети дека Генералното собрание на Обединетите нации минатата недела усвои резолуција подготвена од Израел, со која се осудува секое негирање на Холокаустот и се повикуваат сите нации и компаниите на социјалните мрежи да „преземат активни мерки за борба против антисемитизмот и негирањето или искривувањето на Холокаустот“.

Оваа Резолуција, како што е посочи, беше донесена во присуство на група луѓе кои го преживеаја нацистичкиот геноцид во кој загинаа околу шест милиони Евреи, околу две третини од еврејското население во Европа, за време на Втората светска војна.

Асани додаде дека географијата на човечкото страдање е многу хетерогена и самата солидарност со таа болка може да биде хомогена. На крајот на краиштата, според него, следиме позитивна традиција на солидарност што беше демонстрирана токму овде во Скопје, кога десетици еврејски семејства беа евакуирани благодарение на ризичната помош на дарежливите семејства од овој град.

Тој напомена дека како институт успеале да интервјуираат и да комуницираат со некои од преживеаните од Холокаустот, а еден од ликовите е и г-ѓа Ита Бартуф, ќерката на Мими Ергас-Фараџи, родена во времето на голготата на нејзиното семејство.

-Таа е родена во време кога и на живите им било тешко да преживеат, но на овој свет дошла благодарение на пожртвуваноста на нејзината мајка да ја доведе својата ќерка во здрав живот, како и човечкото чувство кое доминирало во тие скопски семејства, кои ја организирале евакуацијата на семејството на Ита Бартуфи и нејзината населба во Скадар, рече Асани.

За да зборуваме за сагата на преживеаните од Холокаустот, според директорот на ИДКНА, потребни ни се илјадници часови и милји реченици за да ги опишеме сите тие геноцидни лавиринти низ кои поминал еврејскиот народ воопшто, а особено еврејските жени и девојки.

-Затоа денес се поклонуваме пред оваа долга колона преживеани и со сета сила на човечкиот разум ги осудуваме сите оние монструозни нацистички умови кои пред 80 години, за време на Конференцијата во Ванзе, дискутираа и координираа за геноцидот на еврејскиот народ, создавајќи го системот на Нацистички логори на смртта, наведе Асани.

Првата работа што треба да се направи, како што посочи Асани, е да се работи во духот на резолуцијата усвоена пред една недела од Обединетите нации, така што сите држави „безрезервно да отфрлаат какво било негирање или искривување на Холокаустот како историски настан, целосно или делумно, или каква било активност за оваа цел“.

-Затоа, да не заборавиме дека првите жртви на секоја војна се ранливите луѓе, а особено жените и девојчињата, кои за жал беа користени како цели на војна во поранешна Југославија, вклучително и Косово, но и други области каде што експлоатацијата на жените и девојките се претвори во забавна индустрија за воените злосторници, а жените и девојките се претворија во забавна индустрија за борците во апсурдните битки во Сирија, Ирак и на други места, додаде Асани.

Напомена дека антихуманите акции против жените и девојчињата, од времето на нацизмот наваму, не се изолирани од геноцидните стратегии на болните умови кои мораа да удрат врз репродуктивната компонента на еден народ.

Според израелскиот министер за надворешни работи Јаир Лапид, иако не можеме да го промениме минатото, сепак можеме да влијаеме на иднината, и да се посветиме на една единствена работа – да не заборавиме.

-Знаеме дека иако не сме во можност да го промениме минатото, можеме да ја промениме иднината. Знаеме дека иако не можеме да ги вратиме мртвите во живот, може да се обидеме да ги одржиме во живот спомените за нив. Да се посветиме на една единствена работа – да не заборавиме, посочи израелскиот министер во своето обраќање.

Рејчел Калинс, советник за политичка и верска слобода во Амбасадата на САД во Северна Македонија, пак, е напомена дека уште од првиот ден на администрацијата на Бајден, приоритет е изградба на свет во кој ќе се изучуваат лекциите од Холокаустот, но и за животот и историјата на Евреите тука на Балканот.

Таа посочи дека е потребна едукација на идните генерации во училиштата за импактот на Холокаустот, што ќе помогне во тоа историјата никогаш да не се повтори, но и ќе биде е чекор кон спречување на антисемитизмот, во кој како што рече, нема место во денешнината.

Според Маја Суша, раководителка на Одделот за едукација и проучување на Холокаустот, треба и мора да се помириме со минатото, но никогаш да не го заборавиме.

-Силата на овие жени го покажува токму тоа. Дека приказната е забалежана, запаметена е, не е заборавена но иднината е она кон кое треба да се стремиме и заеднички да работиме. Овие жени и нивната сила секогаш ќе бидат дел од мојот живот и инспирација да продолжам силно да се соочувам со сите преидзвици на мојата иднина. Никогаш повеќе, ние паметиме, додаде Маја Суша во своето обраќање.

Back to top button
Close