Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на Нетанјаху, Галант и лидерот на Хамас
Меѓународниот кривичен суд (МКС) денеска издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, доскорешниот израелски министер за одбрана Јоав Галант и лидерот на Хамс Мухамед Диаб ал-Масри, јавија американските медими, пренесе МИА.
МКС соопшти дека налозите за апсење „се во интерес на жртвите и нивните семејства“.
Во него се наведува и дека постојат „основи за сомневање“ да се верува дека тие „ги превиделе нападите врз цивилното население во Појасот Газа“.
Судот изјави дека нашол „разумна основа“ да се верува дека Нетанјаху и Галант сносиле одговорност за злосторства, вклучително и употреба на гладување како метод на војна и за „убиства, прогонство и други нехумани дејствија“.
Судот, исто така, издаде налог за воениот водач на Хамас, Мохамед Деиф, за кој израелските власти велат дека бил убиен во Газа во јули. Обвинителите ги издадоа налозите бидејќи не беа во можност да ја потврдат неговата смрт, соопшти советот. Израелските власти жестоко ја критикуваа одлуката на МКС, додека претставник на Хамас ја поздрави