Меѓународниот суд во Хаг денеска ќе ја изрече правосилната пресуда против Ратко Младиќ

  Меѓународниот суд во Хаг денеска ќе ја изрече правосилната пресуда против поранешниот командант на Војската на Република Српска, Ратко Младиќ, кој првостепено е осуден на доживотен затвор за геноцид и злосторства против човештвото против несрпско население за време на војната во БиХ.

Бранителите и обвинителите на Младиќ исто така се жалеа на првостепената пресуда.

Одбраната побара Младиќ да биде ослободен или повторно да му се суди, тврдејќи дека обвинителството не ја докажало неговата вина.

Обвинителите побараа да се потврди осудувачкиот дел од првостепената пресуда, но и апелацискиот совет да го прогласи генералот Младиќ за виновен за геноцид врз муслимани и Хрвати во пет општини во БиХ.

Младиќ е во притвор во Шевенинген од 31 мај 2011 година. Тој беше уапсен од српските власти на 26 мај истата година во Лазарево кај Зрењанин и беше испорачан на Трибуналот.

Судењето на генералот Младиќ траеше од 16 мај 2012 година до 15 декември 2016 година. Во текот на 530 работни дена беа сослушани 169 сведоци на обвинителството и 208 сведоци на одбраната. Писмените изјави на уште 214 сведоци беа исто така признати како докази. Прифатени беа 9.914 доказни предмети.

Хашкиот трибунал го обвини генералот Младиќ за првпат на 25 јули 1995 година, а обвинението беше изменето неколкупати до 2011 година.

Back to top button
Close