Меѓусоседска „бура во чаша вода“

Иако бугарските реакции за спреченоста нивни граѓани да ја чествуваат 151-та годишнина од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, наликуваат на почеток на студена година во односите Софија- Скопје, искусни политичари оценуваат дека со промена на однесувањето на двете земји – ќе може да живеат како добри соседи.

„И од двете страни на границата треба трајно да се промени однесувањето“, вели поранешниот бугарски министер за одбрана Ивајло Калфин.

 

„Не треба ние постoјaно да мафтаме со заканите со вето и блокада, а од нивна страна постојано да се прват некои провокации, туку да се најде начин активно да се работи нa решение за спорните прашања – како да се отворат границите, како луѓето да патуват, да се намалат провокациите од оние кои го иритираат населението во двете земји. Генерално да размислуваме како можеме да живееме како соседи, а не како држави со конфликт, со што на никаков начин не си помагаме ни себеси, ни на некој друг“, вели Калфин за БНР.

Потенцира дека правата на луѓето со бугарска самосвест треба да бидат во центарот на она за што се залага Бугарија, но предупредува и на иритирачките имиња на бугарските клубови во РСМ.

„Треба да имаме предвид и дека од бугарска страна – изјави на некои политичари кои се обидуваат да си обезбедат уште малку продолжение на нивната политичка кариера, дека ‘РСМ ја нема и дека таа држава не постои’ – не помагаат. Не дека тие се основните пречки, но не треба ги ги одрекуваме. На крајот, да не забораваме дека кога ги отворивме културните клубови во РСМ, ги крстивме со имиња кои се очигледно спорни и иритирачки за нивната јавност. Тоа е навистина приватна инцијатива, но прашање е зошто на таа приватна инцијатива се сипа целата држава да го отвора првиот клуб во Битола. Од такви мали нешта се формира целото однесување“, посочува Калфин.

 

На пат кон нормализација

Во бугарската јавност со иронија се коментира образложението дека паднал компјутерскиот систем на граничниот премин Деве Баир, што беше причина за чекање подолого време и нервоза кај бугарски државјани кои сакаа да влезат во РСМ. Од бугарското МНР односот на македонските власти го оценија како „понижувачки и недозволив кон бугарскиот народ и кон Бугарија“.

Амбасадорот на Бугарија во Северна Македонија, Ангел Ангелов, оцени дека после сѐ „билансот на состојбата не е многу позитивен“.

„Нашите очекувања беа поинакви. Нашата делегација предводена од вицепремиерот и министер за внатрешни работи Иван Демерџиев во одреден момент успеа да се поклони на гробот на Гоце Делчев. Нашите очекувања, дека ќе ни се придружат Бугари од Бугарија, како и организациите на локалните македонски Бугари – не се остварија. Имаше некои падови (на системот-н.з.) на границата. Многу интересно е, што тие беа само за влез во РСМ. Беа вратени и многу наши граѓани и не можеа да стигнат “ изјави за Ангелов за бугарската ТВ Нова.

Полицијата го обезбедува пристапот кон црквата „Свети Спас“ во Скопје во рамки на свеченостите за одбележувње на 151 годишнината од смртта на Гоце Делчев Полицијата го обезбедува пристапот кон црквата „Свети Спас“ во Скопје во рамки на свеченостите за одбележувње на 151 годишнината од смртта на Гоце Делчев

Полицијата го обезбедува пристапот кон црквата „Свети Спас“ во Скопје во рамки на свеченостите за одбележувње на 151 годишнината од смртта на Гоце ДелчевФотографија: P. Stojanovski/DW

Од телевизијата разговарале со македонски граѓанин од Скопје кој се декларирал како Бугарин, но побарал да му биде скриено лицето „заради страв“. Прашан – дали Бугарите во РСМ живеат во страв, Ангелов одговори потврдно.

„Во моментов тоа е така, затоа што имаше голема ескалација на радикален говор – главно на социјалните мрежи. Со месеци инсистираме властите и институциите во РСМ да преземат мерки. Не е можно по разни сајтови да излегуваат лица, со имиња и адреси на кои живеат, со нивните телефонски броеви, и да бидат стигматизирани дека не можат да живеат во Македонија затоа што се Бугари“, рече амбасадорот.

Како позитивен пример го посочи единствено фудбалскиот натпревар во Турција меѓу ЦСКА Софија и Македонија Ѓорче Петров, на кој и двата тима излегоа со порака „не, за насилството“. Но,4-ти февруари не е меѓу добрите примери.

„Овој конкретен случај не помогна на нашите напори за деескалација – премиерот Галаб Донев во разговор со премиерот Ковачевски, на двајцата министри за внатрешни работи и двајцата министри за надворешни работи. Обидот засега е неуспешен“, оцени Ангелов, додавајќи дека оваа седмица претстојат различни културни настани.

„Верувам дека тие ќе поминат апсолутно нормално. И постепено, но со реакција на соодветните институции против говорот на омраза, ќе стигнеме до една нормализација и деескалација на тензиите“, порача бугарскиот амбасадор во РСМ.

Информирање на меѓународните парнери

Два дена партиите во Бугарија се редат со осуди за настаните од 4-ти февруари, а дел од онив највија дека ќе се обратат до земјите членки на ЕУ и до ЕК, за таа да дејствува со цел РСМ да се врати кон исполнување на преземените обврски кон Бугарија и за заштита правата на граѓаните со бугарска самосвест.

Бугарските власти не го осудија однесувањето на нивни државјани на 4-ти февруари, кои според македонското МВР „вербално, дрско и недолично, со најпогрдни зборови се однесувале а потоа се обиделе и физички да ги нападнат полициски службеници на граничниот премин Деве Баир“. Тројца од нив беа приведени, а Основниот суд во Крива Паланка им изрече пресуда казна од 300 евра, протерување и забрана за влез во РСМ во траење од три години. Оние, на кои им било издадено решение за одбивање влез во РСМ (според член 17 став 1 од Законот за странци), беа повикани писмените докази за тоа да ги достават до бугарското МНР, „со цел да бидат преземени неопходни дејства по дипломатски пат и за информирање на меѓународните партнери“.

Министерот Спасовски оцени дека македонската полиција била на висина на задачата и дека тоа е еклатантен пример за тоа како постапува полиција од европски ранг. Од МНР во Софија критикуваат за обратното.

„Има информации за употребено насилство од страна на граничните власти на Северна Македонија. Во исто време, во Скопје беше направен крајно изненадувачки, но неуспешен обид да се ограничи бројноста на бугарската официјална делегација за време на нејзиното поклонение во црквата Св. Спас“, беше наведно во соопштението на бугарското МНР.

Оттаму посочија дека „слободното движење на луѓето е меѓу основните принципи на функционирање на ЕУ и уште повеќе – конкретна мерка за зацврстување на добрососедските односи“, но без никаков осврт за однесувањето на дел од бугарските државјани на граничниот премин.

Од македонското МНР соопштија дека во согласност со Уставот на РСМ, законите и меѓународното право, надлежните институции ги презеле сите неопходни мерки да се спречат провокации, тензии и инциденти кои можат да ги загрозат националната безбедност, јавниот ред, здравјето на луѓето и меѓународните односи на државата.

„И покрај искажаната волја, Република Бугарија не направи доволно напори да спречи пристапување на радикални поединци на граничниот премин ‘Деве Баир’, овозможувајќи на тој начин дел од нив да се однесуваат агресивно, да ги навредуваат и да применат насилство кон претставниците на граничната полиција на Северна Македонија“, беше наведно во соопштението на македонското МНР. Оттаму ги демантираа наводите дека со Република Бугарија било договорено заедничко чествување на Гоце Делчев, а највија дека ќе биде упатено писмо до Европскиот парламент во кое ќе информира за недоличното и навредливо однесување на бугарскиот европратеник Александар Јорданов на социјалните мрежи.

Вечерта на 4-ти февруари, било искршено стаклото на влезот на македoнскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград, чин кој беше осуден од македонскиот политички врв, со очекување во најбрз рок да бидат откриени сторителите.

извор: дв

Back to top button
Close