Мечка истрча на автопат во Грција, автомобил директно удри во неа
Возач за влакно избегнал потешки последици откако вчера со својот автомобил удрил во мечка која се обидувала да го премине автопатот Егнатија во северна Грција, објавија локалните медиуми.

Станува збор за заменик-градоначалникот на општината Дескати во регионот Гревена. Тој не се здобил со повреди во судирот, но превентивно бил пренесен во локалниот здравствен центар.
Неговиот автомобил претрпел сериозни оштетувања.
Засега не е познато колку тешко е повредена мечката. Во вторникот еколошки организации започнале потрага по животното за да ја утврдат неговата состојба.
Несреќата е само една во низата сообраќајни инциденти во кои се вклучени мечки на патиштата во руралните делови на Грција.






