Мечка снимена покрај патот што води кон Лазарополе

Млада мечка денеска е снимена во близина на селото Лазарополе. Посетители што се движеле во околината ја снимиле мечката во близина на патот што води кон селото. Снимката и фотографиите се објавени на фејсбук-страницата патувања.мк.

Во објавата се упатува апел до сите кои се движат во овој предел доколку забележат мечка, да останат смирени и да не и се приближуваат.

„Не се обидувајте да ја храните и избегнувајте нагли движења. Најдобро е едноставно да ја игнорирате и даи дозволите да продолжи по својот природен пат“,се вели во објавата.

 

На истата страница, пред два дена, беше објавено дека голема мечка била снимена во селото Горна Белица, на планината Јабланица.

Мечката била снимена од сигурносни камери поставени на куќите. Снимките покажуваат како мечката поминува низ дворови и покрај куќи.

 

На крајот на минатиот месец, кафеава мечка беше забележана на паркинг-простор во селото Ростуше. Од видеоснимката објавена на социјалните мрежи можеше да се види како мечката се шета покрај возилата на паркингот, а кога почнуваат да ја лаат кучиња, таа се оддалечува.

Back to top button
Close