Мечот Астон Вила – Њукасл одложен поради коронавирус

Премиерниот натпревар од 11. коло во Премиер лигата меѓу Астон Вила и Њукасл закажан за в петок е одложен поради „значителен пораст“ на бројот на позитивни фудбалери на коронавирус во составот на Њукасл. 

Англиските медиуми јавија дека до моментов има пет потврдени позитивни случаи на Ковид 19 во таборот на Њукасл, а бројката на заразени фудбалери се очекува да се зголеми до петок 

– Новиот термин за нашиот меч против Астон Вила на „Вила Парк“ ќе биде дополнително утврден, соопшти Њукасл.

Back to top button
Close