Мециновиќ: Јас добив 30.00 гласови од скопјани и јас немам списоци како вас да знам кој гласал за мене

„Јас добив 30.00 гласови од скопјани и јас немам списоци како вас да знам кој гласал за мене. Вие имате соработка со Мерко во Струга, не – јас. Јас ја победив Шукова со 2.000 гласа во Аеродром – сигурно не гласал ДУИ за мене“, истакна кандидатот за градоначалник од Левица за Град Скопје, Амар Мециновиќ, во дебатата на „Канал 5“ во која гостуваат заедно со противкандидатот од ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.
„Јас го легитимирав мојот пратенички мандат. Кога ќе поднесат 30 пратеници од вашата пратеничка група оставка кои збор немаат земено, тогаш и јас ќе поднесам оставка, иако сум најактивен пратеник во Собранието“, потенцираше кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Амар Мециновиќ.






