Мециновиќ: Во овие 60.000 луѓе го имаме огледалото за иднината на Скопје
Кандидатот за градоначалник на Скопје од партијата Левица, Амар Мециновиќ, вечерва се обрати на прес-конференција по завршувањето на вториот круг од Локалните избори 2025, упатувајќи благодарност до сите граѓани кои му дале поддршка.

„Мое почитувано Скопје, во изминатите два месеци постигнавме нешто што не можевме ни да замислиме пред два месеци. Во овие 60.000 луѓе го имаме огледалото за иднината на Скопје. Скопје се разбуди и Скопје одлучи дека може да се гласа и да се избере поинаку,“ изјави Мециновиќ.
Тој се заблагодари на сите активисти и волонтери кои, како што рече, „секојдневно биле на терен и го носеле духот на промената“.
„Неизмерно сум благодарен на сите наши активисти кои во изминатите два месеци беа на улиците, агитираа кај своите сограѓани и помагаа во нашата кампања. Овој резултат е нивна победа,“ одаде тој






