Мециновиќ: Воведување на една изборна единица е услов за поддршка на реорганизација на министерствата


Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ на денешната прес-конференција порача дека партијата ќе ги поддржи предложените измени на Законот за организација и работа на органите на државната управа, само доколку биде спроведена заедничката програмска заложба за воведување на една изборна единица

„Затоа што препознаваме дека воведувањето на една изборна единица е приоритет за македонското општество, затоа што овој модел со шест изборни единици кои преку геримандеринг не ги уважува гласовите на македонските граѓани, потребно е веднаш да се донесе оваа измена”, истакна портпаролот на Левица и народен пратеник од Левица, Амар Мециновиќ на денешната прес – конференција.

Измената во една изборна единица, тој вели дека е коментирана многупати од партиите и препорака од Мисијата на ОБСЕ.

 

Back to top button
Close