Медицинските лица кои биле дежурни во изгорената ковид – болница два пати дале изјави во обвинителство
Претставници на тетовското Обвинителство и Федералната криминалистичка полиција од Германија денеска во Клиничката болница во Тетово за прв пат заедно беа да го видат местото каде изгоре монтажниот објект за ковид пациенти при што загинаа 14 луѓе на 8 септември. Од тетовското Обвинителство не дадоа подетални информации за посетата, а најавија дека во следна прилика ќе има податоци од службата за односни со јавноста при Јавното Обвинителство на Репубика Северна Македонија.