Медицинските сестри во Tетово продолжуваат со протестот – директорот се крие во канцеларијата, изјави дава главната медицинска сестра
Десетици медицински сестри и технички персонал со нерешен работен статус, денеска повторно протестираа пред Клиничката болница во Тетово.
Освен што немаат решенија за работа, медицинските сестри тврдат дека не примиле плата три месеци.
„Тетовската болница ја одржуваме во живот ние, но тие нè заборавија. Не бараме подароци, бараме задоцнети плати, бараме договори, заслужени и ветени одлуки. Доста со лагите“, вели Фљутурие Ислами.
Додека здравствените работници го продолжуваа протестот пред болницата, директорот на оваа установа, Агим Бериша, се заклучил во својата канцеларија и назначил луѓе да ја чуваат вратата, одбивајќи да зборува со медиумите. Главната медицинска сестра Дита Заими, која не застана на страната на вработените, туку на страната на директорот, зборуваше за проблемот со над 140 вработени во оваа болница.
„Не се чувствувам добро бидејќи сите сме за плата, а овие проблеми се наследени проблеми и ниту раководството ниту ништо нема никаква врска со ова. Ова се проблеми што беа наследени претходно, верувајте ми однапред дека ни беа ветени конкурси за решенија од министерството, не можеме да ги измислиме тие работи. Се случија и знаете каква е ситуацијата, чекаме и како да го избереме новиот министер, се надеваме дека ќе ги решиме овие проблеми што е можно поскоро“, вели Дита Заими.
Заими побара од вработените да формираат работна група и да ги адресираат нивните барања со официјално писмо.
„Во Клиничката болница во Тетово има околу 400 лица технички персонал кои работат со договори за работа. Околу 140 медицински сестри се со договори за работа. Доколку сите овие вработени добијат договори за работа, повторно ќе има недостиг од медицински персонал во Клиничката болница во Тетово“, вели Горан РИстевски.
Контактиравме и со независниот медицински синдикат на Македонија, оттаму ни кажаа дека вршат постојан притисок. Според синдикатот, многу наскоро ќе излезат во поддршка заедно со вработените, но нагласија дека истиот проблем е во сите болници во Македонија.