Медитеранско пилешко во кремаст сос од лимон и босилек

Ова медитеранска комбинација на вкусови ќе ве освои со свежината на лимонот, аромата на босилекот и кремастиот сос што совршено го надополнува сочното пилешко месо. Лесно се приготвува, а впечатокот што го остава – е феноменален.

 

Состојки:

500 грама пилешки стек (пилешко филе)

1 лажица маслиново масло

2 чешниња лук (ситно сечкан)

200 мл неутрална павлака за готвење

Сок и кора од 1 лимон

Една рака свеж босилек (или 1 лажичка сув)

Сол и бибер по вкус

1 лажичка мед

1 лажица пармезан (по желба)

Подготовка:

Пилешкото месо исечете го на тенки шницли, посолете и побиберете.

Загрејте маслиново масло во тава и пржете го месото од двете страни додека не добие златна боја. Извадете го и оставете го на страна.

Во истата тава додадете го лукот и кратко пропржете (внимавајте да не загори).

Додадете ја павлаката за готвење, сокот и кората од лимонот, како и медот. Измешајте.

Вратете го пилешкото во тавата, додадете го босилекот и гответе 5–7 минути на тивок оган.

По желба, додадете пармезан за побогат и погуст сос.

Послужување:

Послужете го јадењето со варен ориз, тестенини или пире од компири. Декорирајте со парче лимон за елегантен изглед и листови бослок или магдонос.

 

Back to top button
Close