Медиуми: Пакета го напушта Вест Хем

Бразилскиот играч од средниот ред Лукас Пакета (28) сака да го напушти Вест Хем и да се врати во Фламенго во јануарскиот преоден рок, јавуваат англиските медиуми.
На Пакета му преостануваат уште 18 месеци од договорот со лондонскиот клуб, но бразилскиот фудбалер сака да се врати во клубот каде што ја почна својата кариера.
Според медиумите, Фламенго, наводно, е подготвен да плати околу 30 милиони евра за 28-годишниот играч од средниот ред, но Вест Хем, засега, одбива да го продаде.
Пакета, кој му се приклучи на клубот од источен Лондон во летото 2022 година од Лион, постигна четири голови и додаде една асистенција на 18 натпревари во Премиер лигата оваа сезона.
За бразилската репрезентација има 61 настап и постигнато 12 голови. ег






