Медиуми : Премиерот на Црна Гора вратен од албанската граница – немал тест пцр
Денеска премиерот на Црна Гора Здравко Кривокапиќ и неговата делегација која патувала за Тирана за да се сретне со кацнеларката на Германија Ангела Меркер бил вратен од страна на албанските погранични власти на преминот Хани Хотит , бидејки немал ПЦР тест ниту пасош за вакцинација против Ковид 19, пренесува албанскиот весник ,,Дита,, . Истиот извор додава дека црногорската владина делегација потоа била приморана со авион од Подгорива да слета на аеродромот Ринаси кај Тирана .
Според весникот ,,Дита,, веста ја пренесувале и црногорските медиуми кои притоа упатиле остри критики на адреса на Тирана за овој гест на албанските власти и покрај тоа што знаеле дека делегацијата на владата на Црна Гора доаѓала во Тирана за средбата со Меркел и лидерите од регионот . Весникот наведува дека ,, црногорскиот новинар Александар Брезар објавува и видео во кое се гледа како од граничниот премин со Албанија се врака делегацијата на владата на Црна Гора .
КМ