Медиуми за самитот на ЕУ: Членки продолжуваат да ставаат вето на членството на Турција, Северна Македонија и Србија

Некои членки на ЕУ не сакаат да ја укинат едногласноста при одлучувањето за прием на нови членки, објавуваат медиуми во земјите-членки.

 

Грција особено сака да го зачува своето вето во однос на Турција, Бугарија во однос на Северна Македонија и Хрватска во однос на Србија.

Ова го објавуваат некои медиуми во ЕУ во врска со иницијативата на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, дека на денешниот самит на Унијата во Данска, ќе се разгледа укинувањето на едногласноста и воведувањето на „квалификувано мнозинство“ кога членовите ќе одлучат за прием на земја во членство.

Францускиот весник „Лезеко“ пишува дека Кошта предложил „флексибилна формула“ за примена на „квалификувано мнозинство“ при отворање на поглавје, кластер со кандидат за членство, додека за затворање би останало само правилото на едногласност „за да се земе предвид напредокот“ на земјата кандидат.

Кошта ги посети главните градови на сите земји-членки и верува дека постојат одредени перспективи, иако главната, но не и единствената пречка е Унгарија, која е против влезот на Украина во ЕУ, додава францускиот весник.

 

„Лезеко“ цитира извори од ЕУ дека „некои земји истакнуваат дека може да дојде време кога ќе сакаат да го спречат влезот на некоја земја во ЕУ“.

 

Бриселскиот портал „Периодико“ пишува дека ова особено важи за Грција, кога станува збор за евентуалната кандидатура на Турција, Бугарија во однос на Северна Македонија и Хрватска кога станува збор за Србија.

 

„Периодико“ додава дека, покрај непопустливата Унгарија, неколку членки на ЕУ, вклучувајќи ги Франција и Холандија, воопшто не се подготвени да ја прифатат иницијативата на Кошта.

 

Бриселскиот портал цитира дипломатски извори од ЕУ и претставници на француското претседателство кои објаснуваат дека „менувањето на правилата на ЕУ би ја ограничило можноста на членовите да го спречат влезот на некои земји во Унијата, доколку заклучат дека тоа претставува сериозни проблеми“.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close