Медведев по 20. последователна победа избори финале на АО

 Рускиот тенисер Данил Медведев ја продолжи серијата победи која трае 20 меча, откако денес во полуфиналето на Австралија опен го совлада Гркот Стефанос Циципас (6:4, 6:2, 7:5).

Последен пат 25-годишниот Русин загуби на 30 октомври 2020 година во четвртфиналето на турнирот во Виена од Јужноафриканецот Кевин Андерсон.

Медведев кој е четврти носител на Грен слемот во Мелбурн, во финалето закажано за в недела ќе се сретне со српскиот тенисер и прв фаворит за трофејот, Новак Ѓоковиќ.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close