Медведев со нови закани: Секој што ќе убие член на НАТО треба да биде награден

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев вчера остро го критикуваше НАТО и предложи награда за секоја убиен негов член. „За овие прекуокеански вошки, кои, за разлика од несреќните Украинци, не мораа да војуваат, може да има само едно правило: да нема затвореници!“ напиша Медведев на Икс, кој сега е заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност.

 

„И кој ќе убие, разнесе или запали војник на НАТО треба да биде максимално награден“, додаде тој

Медведев се спротивстави на хипотетичкото сценарио, кое тој самиот го претстави на социјалните мрежи, во кое НАТО првично ќе распореди војници и специјални сили во западна Украина за „одржување на редот, како и обука“. „Тоа се дрски насилници кои го сметаат целиот свет за будала“, напиша Медведев.

Рускиот функционер изјави дека сите сили на НАТО во Украина ќе се сметаат за дел од редовната армија што се бори против Москва. „Затоа тие треба да се третираат само како непријатели. Не само како непријатели, туку како елитни одреди, хитлерови луѓе“, продолжи Медведев.

Ова е реторика која често ја користи Кремљ – потсетувајќи на улогата на Русија за време на Втората светска војна, истовремено обвинувајќи ја Украина дека е под нацистичка власт. Неодамна, Русите се почесто споменуваат директен конфликт со НАТО, додека рускиот претседател Владимир Путин предупредува дека таквата ситуација неизбежно ќе доведе до трета светска војна и нуклеарна катастрофа, пишува Бизнис Инсајдер.

Засега, лидерите на НАТО алијансата ја отфрлаат можноста за распоредување војници во Украина, иако некои се залагаат за таква опција, како францускиот претседател Емануел Макрон. На почетокот на 2023 година протекоа доверливи документи од Пентагон во кои се наведува дека во еден момент во Украина биле испратени околу стотина оперативци на НАТО.

Back to top button
Close