Мекиќ потпиша едногодишен договор со МЗТ Скопје

Македонскиот репрезентативец Адем Мекиќ во следната сезона ќе го носи дресот на МЗТ Скопје Аеродром, откако денеска потпиша едногодишен договор со актуелниот шампион.

Мекиќ претходно беше дел од МЗТ во периодот помеѓу 2014 и 2017 година, кога настапуваше во елитната АБА-лига и во Еврокупот, а потоа одигра две сезони во Куманово и една во Пелистер.

Тој за време на престојот во Аеродром се закити со три шампионски титули и два пехари во Купот на Македонија.

Back to top button
Close