Мексико и САД ги продолжуваат граничните рестрикции до 21 јули

 Вашингтон и Мексико се согласија да ја продолжат до 21 јули забраната за патувања, кои не се неопходни по копнен пат меѓу двете земји поради спречување на ширењето на Ковид-19, соопшти денеска мексиканското Министерство за надворешни работи.

– Рестрикциите остануваат исти откако се воведени на 21 март. Двете земји ќе продолжат да ги координираат санитарните мерки на границата. Мерките остануваат во сила до 21 јули, напиша Министерството на Твитер.

САД денеска го продолжија затворањето на границите и со својот северен сосед Канада до 21 јули поради новиот коронавирус.

Back to top button
Close