Мексико не брза да го покани Трамп во државна посета

Мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум денеска изјави дека Мексико не брза да го покани американскиот претседател Доналд Трамп во државна посета, откако тој ја презеде функцијата во понеделникот.

Одговарајќи на прашање на брифинг со новинарите, Шејнбаум рече дека поканата на Трамп за државна посета е нормална работа, но додаде дека Мексико „не мора да претерува“, јави Си-Ен-Ен.

– Ќе ги разгледаме договорите што ги имаме и промените што можеби ќе треба да ги направиме. Тогаш ќе знаеме дали тие ќе испратат луѓе овде или ние ќе испраќаме луѓе таму, истакна Шејнбаум.

Администрацијата на Доналд Трамп соопшти дека на 1 февруари ќе воведе царини од 25 отсто за соседните Мексико и Канада.

Трамп, исто така, ја затвори границата меѓу САД и Мексико, оставајќи многу Мексиканци во неизвесност и се закани со масовна депортација на мигрантите кои илегално се наоѓаат во САД

Back to top button
Close