Meла: Коронавирусот е присутен и во селските населби

За прв пат по четири месеци вирусот Ковид 19 кој во Дебар зазема вознемирувачки размери,  е присутен и во селските наслеби во општините Дебар и Центар Жупа.

Раководителот на единицата на Центарот за јавно здравје во Дебар, епидемиологот Ментор Мела, за „Либертас“ изјави дека регистрирани се и првите позитивни случаи на  Ковид-19 во неколку дебарски села и села во руралната општина Центар Жупа.

Според Мела во најголемото дебарско село Могорче евидентирани се два случаи  како и еден случај во селото Џепиште. Во општина Центар Жупа два случаи на Ковид 19, се регистрирани во селото Броштица .

– До сега од месец март се евидентираа болни од Коронавирус во градот Дебар, но последните денови појава на позитивни случаи има и во селата – вели Мела и додава дека како главна причина за оваа е комуникацијата што ја имаат и жителите на руралните средини со  градовите каде има болни од Ковид 19.

Општинскиот кризен штаб во Дебар поради рапидното зголемување на болните од Ковид 19, упати апел до населението да ги почитува мерките, а од главниот републички кризен штаб побара да ја разгледа можноста да воведување на повеќе рестриктивни мерки за населението да биде подобро заштитено.  Во општините Дебар и Центар Жупа  од почетокот на пандемијата на 26 февруари кога беа евидентирани првите болни од Ковид 19 во нашава земја до сега се регистрирасмни 173 болни од кои петмина починаа во Дебар четири и во Центар Жупа еден. Активни случаи до денес има 111 додека излекувани се 57.

 

К. М

Back to top button
Close