Мелони: Договорот меѓу САД и ЕУ спречува катастрофални последици

Италијанската премиерка Џорџа Мелони го поздрави трговскиот договор постигнат меѓу САД и Европската Унија, кој вклучува, меѓу другото, царина од 15 отсто за увозот од ЕУ, објавија италијанските медиуми.

-Го поздравувам фактот дека е постигнат договор, изјави Мелони за новинарите во Адис Абеба, каде што присуствува на Самитот на ОН за синџирот на исхрана.

 

„Секогаш верував и продолжувам да верувам дека влошувањето на трговските односи меѓу Европа и САД би имало непредвидливи и потенцијално катастрофални последици“, додаде таа, нагласувајќи дека сè уште не е доволно запознаена со деталите од договорот.

 

-Ќе мора да работиме повеќе на договорот бидејќи она што беше потпишано вчера е во принцип и правно необврзувачко, рече Мелони

„Сè уште има борба. На пример, треба да провериме кои се можните исклучоци, особено за некои земјоделски производи“, додаде таа.

-Недостасуваат голем број елементи и не знам за што зборуваме кога зборуваме за инвестиции, трговија со гас итн.“, посочи Мелони.

„Нема да дадам проценка додека немам јасни податоци“, заклучи италијанската премиерка

Back to top button
Close