Мелони ќе ги „стопи“ односите меѓу Скопје и Софија? Мицкоски: Се очекуваат движења по новата година

Се очекува италијанската премиерка Џорџија Мелони да се приклучи на приближувањето на ставовите меѓу Северна Македонија и Бугарија, објавија дипломатски извори во Скопје. Во разговор за порталот на албански јазик Lideri.mk, тие изразија оптимизам дека директното вклучување на Мелони ќе даде позитивен импулс на приближувањето на ставовите меѓу Скопје и Софија со цел да се најде заедничка основа и да се надмине проблемот што го блокира почетокот на преговорите за членство на земјата во Европската Унија.

„Мелони е идеална фигура за приближување на позициите на Република Македонија и Бугарија. Таа е моќна фигура во ЕУ, но и еден од главните американски сојузници во Европа во моментов“, изјавија овие извори за Лидери.мк, објаснувајќи каде го темелат својот оптимизам за надминување на разликите меѓу Македонија и Софија во случај на вклучување на италијанскиста премиерка, додавајќи понатаму дека не станува збор за класично посредништво меѓу двете страни, туку за вклучување со цел унапредување на спорните прашања.

Оваа информација индиректно до одреден степен ја потврди и премиерот Христијан Мицкоски на петочниот брифинг со новинарите.

„Очекувам позитивен развој на настаните со Бугарија на почетокот на следната година. Разговаравме и со премиерот на една од трите најголеми земји од ЕУ“, рече Мицкоски. Иско не го спомена името на земјата за која станува збор, сепак јасно е дека Италија се смета за трета европска сила по Германија и Франција.

 

Back to top button
Close