Мелони ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп, но Орбан и Џинпинг нема да дојдат
Џорџа Мелони, конзервативната италијанска премиерка, ќе присуствува на инаугурацијата на Доналд Трамп, соопштија синоќа претставници од нејзиниот кабинет. Поддржувачите на премиерката се надеваат дека таа ќе стане мост меѓу Вашингтон и Европа во следните четири години.
На почетокот на годината, Мелони го посети Трамп на неговиот имот на Флорида каде тој ѝ упати повеќе комплименти меѓукои и „фантастична жена“.
Покрај Мелони, ќе присуствува и аргентинскиот претседател Хавиер Миел. Но, на церемонијата нема да биде присутен унгарскиот премиер Виктор Орбан. Кинескиот претседател Си Џинпинг, исто така, нема да присуствува, но испраќа пратеник.
Годинава, Трамп го прекрши преседанот и покани странски лидери на церемонијата на инаугурација.