Мемети: Колку е послаба ДУИ, толку се  посилни  Албанците.

Писателот и аналитичар Ким Мехмети во отвореното студио на ТВ 24 истакна дека ДУИ одамна не штити никаков колективен интерес, туку ги штити бизнис интересите на челниците и тоа го знаат и македонските политички партии кои тоа им го допуштаат.

 

Мехмети смета дека идејата за Албанец премиер е исклучиво во интерес на бизнисот на ДУИ и дека од редовите на ДУИ не треба да има премиер.

 

-Оттука ДУИ и со Тиранската платформа, која беше направена за да се спаси ДУИ. ДУИ секогаш сака да се здружи со останатите албански партии кога е слаба, затоа сега и бара премиер Албанец. Челниците на ДУИ стануваат патриоти кога политички слабеат- рече Мемети.

Мехмети смета дека  што е послаба е ДУИ, толку се  посилни  Албанците.

-Премиер не треба да е од челниците на ДУИ зошто партијата никогаш не се извинила пред Албанците за Сопот, Бродец, Кумановските настани, енциклопедијата што ги навредуваше Албанците, спомениците, кои се случија додека тие беа на власт и министер беше за правда беше токму Албанец- рече Мемети.

Back to top button
Close