Мемети: На половина е обележувањето на патните правци во земјава

Половината од патната инфраструктура во земјава е обележана со хоризонталната сигнализација и активностите продолжуваат, изјави директорот на ЈП „Македонија пат“ Беким Мемети. Тој денеска беше на увид на асфалтирањето на регионалниот патен правец од прилепско Кадино Село до селото Галичани во должина од 3,5 километри, зафат во вредност од 10 милиона денари.

Според Мемети, се обележани патните правци од прва и втора категорија – автопатиштата и магистралните патишта. Буџетот за оваа намена е 60 милиона денари.

-Претпријатието е активно веќе еден месец. Се обележуваат патиштата од прв приоритет – автопатските и магистралните делници во земјава, па да влеземе во втората фаза на обележување на регионалните патишта и оние од третата категорија. Лани сто отсто ја исполнивме годишната програма на обележување на патните правци во земјава, а за годинава, досега имаме обележано половината од патната инфраструктура. Сега сме во фаза на обележување на регионалните патишта и оние од трета категорија, рече Мемети.

Буџетот за оваа намена треба да биде барем двојно поголем, ако не и повеќе. Во меѓувреме, претпријатието работи на крпењето на ударните дупки на патиштата.

-Не може да кажам дека буџетот е доволен. Ни требаат повеќе средства. Цело време инсистирам да се зголеми буџетот за хоризонталната сигнализација на патиштата за добробит на граѓаните и за безбеден сообраќај. Ќе настојувам моменталниот годишен буџет од 60 милиона денари за обележувањето на патиштата да се зголеми двократно, па и повеќекратно. Во меѓувреме набавивме и трета машина за да стигнеме со обележувањето на патиштата. Инаку, Наредната недела ќе продолжиме на крпењето на ударните дупки на патниот правец Прилеп-Битола-Меџитлија, изјави Мемети.

Годишниот буџет на ЈП „Македонија пат“е 18 милиона евра што е недоволен и е потребно да биде барем околу 60-ина милиона евра за сите активности.

– Составени се групи кои ќе направат анализа на потребите. Ценовникот со ЈП за Државни аптишта не е променет од 2012 година, вели Мемети.

Според прилепскиот градоначалник Илија Јованоски, асфалтирањето на регионалниот пат од 3,5 километри помеѓу прилепските села Кадино Село и Галичани е од огромно значење за околу 500 жители од двете места.

– Градежната офанзива на патната инфратструктура во Општината ја продолжуваме одс градот во населените Места. така ќе биде и наредната недела, вели Јованмоски.

„Македонија пат“ наредната недела, интензивно ќе работи на патниот правец во прилепско мариово, од селото Штавица до Витолиште.

Back to top button
Close