Мемети: Сите ги знам и обвинители и судии, се дружам, разговараме, пиеме кафе. За предмети не сме разговарале

Основното јавно обвинителство му за гонење на организиран криминал и корупција предложи, а судијата на претходна постапка Од Кривичен денес му одреди мерка претпазливост на Иџет Мемети, кој е второосомничен во случајот со Наке Георгиев.

Меџити има обврска да се јавува во судот, одземен му е пасошот, а има и забрана за издавање нов.

Тој денес пред новинарите рече:

-Денес дојдов на покана на судијата во предистражна постапка и се донесе решение за мерка за претпазливост, а друго не би сакал да зборувам. Мислам дека тоа е добра работа, за да во интерес на јавноста што побрзо органите да ја завршат работата, рече Мемети.

На новинарско прашање дали обвинителката му презентирала докази од предметот, тој негираше. А за тоа, како правобранител во два мандати, како се чувствува сега кога е осомничен.

-Ова како човек секако ме погодува. Но, не е добро да зборувам за работа која се тера по судски пат, но ве уверувам дека многу бргу ќе заврши и ќе се докаже ништо противзаконско не се правело, рече тој пред новинарите.

Мемети беше прашан и за релациите со Наке Георгиев.

-Сите ги знам и обвинители и судии, се дружам, разговараме, пиеме кафе. За предмети не сме разговарале, додаде тој

Back to top button
Close