Менче Точи го напушта новинарството – ќе раководи со односите со јавност во Фондот за здравство

Менче Точи, искусна новинарка која долги години го покриваше секторот здравство, заминува од новинарството и ќе работи во државната администрација.

Точи е именувана за раководител на одделот за комуникации на Фондот за за здравствено осигурување.

Со пост на Фејсбук Менче Точи ја потврди веста:

„По многу години поминати во новинарството, по многу труд, непроспиени ноќи, работење и за празник и делник, безброј истражувања, добиени највисоки награди, вклучувајќи ја и таа за Животно дело, можеби е време моето знаење и искуство да го насочам на друго место каде ќе бидам од помош, кон институција која е клучна за осигурениците и лекарите- Фонд за здравствено осигурување. Конкурирав регуларно, на оглас кој беше објавен во три дневни весници, ги поминав сите тестови и писмени и усни што беа за раководно лице и треба да раководам со секторот за односи со јавност. Немаше друг пријавен за ова раководно место, односно немаше противкандидат за да ги одмериме силите и бодовите во Агенцијата, кои кај мене како што се гледа и не се малку“, напиша таа.

Back to top button
Close