Мендеш договорa трансфер на Жоао Феликс во Милан
Италијанскиот гигант Милан покажува интерес за напаѓачот на Челси, Жоао Феликс. Токму поради оваа причина, познатиот фудбалски менаџер Жорже Мендеш е во Италија, каде што ќе се обиде да преговара за договор меѓу двата клуба.
Покрај Феликс, Мендеш е агент и на тренерот на Милан, Серхио Консеисао, што би можело да го олесни евентуалниот договор.
Милан е заинтересиран за Феликс, иако клубот се надева дека ќе го обезбеди и потписот на Сантијаго Хименез од Феенорд