Мендух Тачи на „Изборни дебати“ – „Не може да има Влада без Албанци, може да има војна“

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, во емисијата „Изборни дебати“ меѓу другото зборуваше и за идејата на ДУИ за премиер Албанец. Тој рече дека кандидатурата на Насер Зибери е само илузија и лага на ДУИ. Тачи дури рече дека кандидатот за премиер Албанец е политички мртов.

Мендух Тачи: „Јас лично кандидирам за вицепремиер“.

Ф.А: Го прифаќаш Насер Зибери за Премиер.

Мендух Тачи: „Не, прифаќам да излезе на дебата. Да не прави вакви шеги. Насер е политички мртов, Ахмети си игра со него“.

Тачи дури додаде дека доколку граѓаните сакаат да гласат за Зибери, нема да можат бидејќи неговото име не фигурира никаде.

„Вие сте го слушнале Насер Зибери кој вели дека ќе го гласаат Албанците, Македонците, и тоа е невозможно и ова кандидатура има еден недостаток – каде е името на Насер Зибери за гласање, тие кои сакаат да гласат за Зибери немаат каде да гласаат бидејќи неговото име не е никаде. Тоа е криењето на Али Ахмети поради се што направил, односно не направил за 18 години, со цел тој да не биде тема на дискусија“, истакна Тачи.

На прашањето дали може да има Влада без Албанците, Тачи рече дека без Албанците може да има само војна.

„Али Ахмети вели дека се партија за интеграција а 20 години наназад е националистичка партија, прав манипулатор кој провоцира одредена ситуација“, посочи Тачи.

Ф.А: Значи вие велите дека има Влада без Албанците?

М.Т.: Не, чекај. Не ме оставивте да завршам. Нема Влада без Албанците, војна може да има.

Тачи во емисијата зборуваше и за изборната програма на ДПА, инвестициите и државниот буџет и заканите кои ги добил. Меѓутоа не сакаше да зборува за имиња бидејќи, како што рече, случајот е под истрага.

Back to top button
Close