Мендух Тачи реизбран за претседател на ДПА на конгрес во Тетово

 Демократската партија на Албанците (ДПА) информираше дека денеска на конгрес на партијата го реизбрала Мендух Тачи за претседател. Осмиот конгрес беше одржан во Тетово.

Воедно, беше одобрена и резолуцијата преку која и ДПА се обврзува да преземе конкретни активности за тоа да се измени уставниот член во кој е предвидено дека „друг јазик што го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните”, да се замени со „албански јазик како службен јазик во Република Северна Македонија, информираа од партијата.

Службата за информирање при ДПА соопшти и дека на конгресот е избран нов состав на централното собрание.ас/лв/

Back to top button
Close