МЕПСО бара зголемување на цената на струјата за 68 отсто

МЕПСО денеска ги доставила пресметките на трошоците до Регулаторната комисија и бара зголемување на цената на струјата за 68 отсто.

Претходно своите пресметки ги доставиле и останатите компании, ЕВН Хоум, Електродистрибуција и МЕМО, кои пријавуваат загуби и бараат зголемување на цената на струјата, но не е познато колку бараат другите фирми.

Од МЕПСО информирале дека барањето за зголемување од 68 отсто се должи на зголемените трошоци за набавка на електрична енергија за покривање на загубите во преносната мрежа.

Back to top button
Close