МЕПСО: Договорот за набавка на авиобилети е три годишен рамковен договор

Од МЕПСО регираа на прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

– Го отфрламе како неосновано и пред се тенденциозно обвинението кое што денеска го објави ВМРО-ДПМНЕ дека АД МЕПСО троши 125 илјади евра за авиобилети.

Договорот за набавка на авиобилети е три годишен рамковен договор, потпишан во август оваа година и има важност до 2024 година. Тоа значи дека предмет на плаќање согласно овој рамковен договор ќе бидат патувањата што ќе се реализираат во тек на три години.

Во оваа прилика сакаме да и појасниме на партијата ВМРО-ДПМНЕ дека ваков договор за набавка на авио билети не се потпишува затоа што некој решил да шета, туку исклучиво за стручните луѓе од компанијата кои учествуваат на фабрички прием и тестирање на опрема која ќе биде вградена во капиталните инвестиции кои ги изведува нашата компанија од типот на интерконекцијата Македонија-Албанија и реконструкцијата на далекуводите, како и за учество на седниците на комитетите на ЕНТСО-е (Европска мрежа на преносни систем оператори на електрична енергија). Овој вид тестирања на опремата се врши во земјите на производство на опремата  и средствата за реализација на овие патувања се планирани според потребите и инвестициските планови на АД МЕПСО. – велат од компанијата.

 

Back to top button
Close