Мерц по средбата со Шји: Кина планира да нарача до 120 авиони од Ербас

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска изјави дека Кина планира да нарача до 120 авиони од Ербас.

 

По средбата со кинескиот претседател Шји Џјинпинг во Пекинг, Мерц откри дека договорот ќе биде значаен чекор во проширувањето на економските односи меѓу двете земји, објави „Шпигел“.

 

„Кинеското раководство ќе нарача голем број дополнителни авиони од Ербас“, рече Мерц, додавајќи дека постои можност и за други договори со германски компании, иако не сите се финализирани.

 

Иако економските разговори напредуваа, Мерц предупреди и на огромниот трговски дефицит меѓу Германија и Кина, кој моментално изнесува повеќе од 80 милијарди евра.

 

„Овој дефицит се зголеми четири пати од 2020 година, а тоа не е здраво“, рече канцеларот, нагласувајќи ја потребата од намалување на дефицитот и создавање „фер и транспарентна конкуренција“.

 

Мерц додаде дека сè уште постои потенцијал за понатамошен раст на економиите на двете земји, но за да се постигне ова, неопходен е дијалог на ниво на ЕУ-Кина, кој би можел да ги реши прашањата за монетарната и трговската политика

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close