Мерц телефонски разговарал со Нетанјаху, се координира со Макрон и Стармер
Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска телефонски разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, неколку часа откако Израел и САД го нападнаа Иран, соопшти портпаролот на германската влада.

Мерц разговараше и со „други партнери во регионот“ и се координираше со францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер, информира Штефан Корнелиус во Берлин.
Дополнително, „сојузната влада е во близок контакт со својот американски партнер“, рече Корнелиус. Тој не прецизираше на кое политичко ниво се одвива комуникацијата.
Портпаролот не ја коментираше точната содржина на разговорот на Мерц со Нетанјаху, пренесе ДПА.
По разговорите на канцеларот со Макрон и Стармер, трите страни дадоа заедничка изјава со која повикуваат на продолжување на преговорите и јасно ставија до знаење дека не биле вклучени во нападите врз Иран.





