Мерцедес има намера да го обнови договорот со Ботас

Формула 1 тимот Мерцедес наскоро ќе го објави потпишувањето на новиот договор со пилотот Валтери Ботас, објавија британските медиуми.

Сегашниот договор на Финецот истекува на крајот на 2020 година.

Еден од претендентите за местото на Ботас беше пилотот на Вилијамс, Џорџ Расел, кој исто така е дел од програмата на Мерцедес.

Сепак, поради пандемијата на коронавирус, сезоната во Ф-1 ќе се скрати, што нема да му овозможи на младиот Британец да го добие потребното искуство. Опцијата за покана на Расел е сè уште релевантна, но тоа нема да се случи до 2022 година.

Back to top button
Close