Меркел ја повика ЕУ на солидарност за време на пандемијата на Ковид-19

 Германската канцеларка Ангела Меркел ги повика денеска земјите членки на ЕУ да бидат солидарни за време на пандемијата на новиот коронавирус.

– Сега е потребно Германија да не мисли само на себе, туку да биде подготвена на исклучителна солидарност, истакна Меркел.

Таа во интервју за „Зидојче цајтунг“ и уште пет европски весници, оценила дека пандемијата претставува предизвик без преседан според своите размери, и ги повикува земјите членки на ЕУ да ги задржат своите внатрешни пазари и да претстават обединет фронт во светот.

– Очекувам членките да имаат силен заеднички интерес во оваа вонредна ситуација, изјави германската канцеларка.

Меркел додава дека предложениот фонд економска помош за најтешко погодените земји поради коронавирусот е вистински одговор за оваа посебна ситуација.

Back to top button
Close