Меркел истакна дека за пандемијата треба глобален одговор, го потенцира членството во СЗО

– Германската канцеларка Ангела Меркел денеска истакна дека пандемијата на коронавирусот може да се победи само преку глобална соработка и укажа на учеството на нејзината земја во меѓународни тела, како што е Светската здравствена организација (СЗО).

– Имаме шанса да ги победиме сегашните и идните пандемии само ако најдеме глобални одговори на глобалните закани, рече таа во нејзината неделна видео-порака. Тоа е точно, особено со оглед на растечката популација во светот, додаде таа.

Германската канцеларка исто така истакна дека токму затоа Германија учествува во програмите на глобалните организации како СЗО, Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка.

Пораката следува откако САД изминатава недела официјално го известија генералниот секретар на ОН дека се повлекуваат од СЗО.

Back to top button
Close