Меркел: Очекуваме продолжение на дијалогот со САД за „Северен тек 2“

Сигурно е дека ќе има натамошни разговори за „Северен тек 2 “ со САД, изјави германската канцеларка Ангела Меркел по денешниот самит на лидерите на ЕУ.

Канцеларката Меркел кажа дека очекува да продолжат разговорите со САД за проектот за гасовод „Северен тек 2“, откако администрацијата на претседателот Џо Бајден ги укина санкциите за компанијата што стои зад овој проект.

-Сигурно е дека ќе има натамошни разговори за „Северен тек 2 “ со САД, изјави Меркел пред новинарите по денешниот самит на лидерите на ЕУ, пренесуваат британските медиуми.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен пред седум дена потврди дека ги укинува санкциите против „Северен тек 2 АГ“ и неговиот извршен директор Матијас Варниг и дека одлуката е во интерес на националниот интерес на САД.

Проектот „Северен тек 2“ вклучува изградба на две гранки на гасоводот, чиј вкупен капацитет ќе изнесува 55 милијарди кубни метри гас годишно, од брегот на Русија, под Балтичкото Море, до Германија.

Во изградбата на гасоводото учествуваат бројни европски компании.

Back to top button
Close