Мерко им ветува на ревизорите дека ќе се справи со дивоградбите

Да се спроведат барањата утврдени во Планот за управување со Светското природно и културно наследство на Охридскиот регион, да се отстранат дивоградбите, кадровски да се зајакне Секторот за инспекциски надзор со градежни инспектори. Ова се клучните препораки препораки од ревизијата на Државниот завод за усогласеноста на спроведување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти во Општина Струга објавени во денешниот извештај.

Во заклучокот ДЗР ги наведува причините кои имале влијание на процесот на утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти да не се одвива според потребната/очекуваната динамика што влијае на одолговлекување на процесот и не постигнување на целите на Законот.

Законски дадената можност за доставување на некомплетни барања за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти, кои најчесто се без геодетски елаборат и имотен лист за земјиштето на кое е изграден бесправниот објект, честите измени на законот, непочитување на утврдените рокови во Законот за преземање одредени дејства, кадровската не екипираност на градежната инспекција, непостапување по донесените заклучоци од градежните инспектори, сложеноста на процесот на донесување на планско урбанистичка документација, носење на одлуки за времен прекин на донесување и спроведување на урбанистичко планска документација и постапки и слабостите во делот на наплатата на надоместоците за регулирање на правниот статус на бесправно изградените објекти имаат влијание на процесот на утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти во Општина Струга да не се одвива според потребната/очекуваната динамика што влијае на одолговлекување на процесот и не постигнување на целите на Законот, стои во заклучокот.

Општина Струга во периодот опфатен со ревизијата не спровел отстранување на бесправно изграден објект согласно Законот за градење и Законот за инспекциски надзор, како и дека не е воспоставена интерна процедура за процесот на решавање на предмети согласно Законот за постапување со бесправно изградени објекти.

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко испратил одговор до Државниот завод за ревизија во којшто навел дека препораките се прифатливи и дека доследно ќе бидат применети.

Back to top button
Close