Мерко ( од Црната листа ) прв од градоначалниците му честита на Трамп


Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко кого администрацијата на Џо Бајден го стави на „Црна Листа“ заради како што тврдат лична корумпираност и корумпирање на судии и обвинители прв му честита на новиот претседател Доналд Трамп.
Во честитката стои:
„Честитки до 47-от претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп! 🇺🇸
Ви посакуваме успешен мандат и лидерство кое ќе донесе напредок и единство за целиот американски народ. Се надеваме дека во овој период, поддршката на САД за Балканот ќе продолжи да биде силна и присутна, зајакнувајќи ја соработката и стабилноста во регионот. Големите лидери градат мостови на соработка, и се надеваме дека партнерството помеѓу САД и нашите земји ќе продолжи да биде пример за успех во иднината. Бог да ја благослови Америка и сите народи кои веруваат во мир и напредок!“

Back to top button
Close