Меси писмено ја извести Барселона дека сака да си замине како слободен играч, клубот реагира дека тоа нема правна основа

Шпанскиот фудбалски великан Барселона одговори на барањето од напаѓачот Лионел Меси, кој го извести клубот дека сака да си замине бесплатно, информира АС.

Каталонскиот клуб потврди дека добиле факс со барање да го пуштат Аргентинецот и веќе одговориле на барањето. Поточно, Барселона забележа дека нема законска основа да го стори тоа.

Желбата на Меси да ја напушти Барселона останува, но клубот не планира да го ослободи 33-годишникот за помалку од 700 милиони евра обесштетување.

Договорот на Меси со клубот важи до 30 јуни 2021 година.

Back to top button
Close