Мета до младите: Обединете се и земете ја во свои раце вашата и судбината на татковината,или сега или никогаш

Албанскиот претседател Илир Мета, на Меѓународниот ден на младите упати силна порака до албанската младина со која ги повикува да се обединат и да ја земат во свои раце сопствената и судбината на државата

-Драги млади луѓе, надеж и гаранција за слободата, суверенитет и европска иднина на Албанија. Факт е дека многумина од вас се уште се соочуваат со големи пречки, недоразбирања и разочарувања, кои ве натераа да најдете разни форми и начини да избегате од оваа неприфатлива реалност, дури и до масовен егзодус од татковината, стои во пораката на Мета на Фејсбук.

Додава дека низ целата албанска историја, борбата за слобода и независност и напорите за демократизација, напредок и благосотојба на Албанија, особено во моментите на трагедии, кризи и големи предизвици „ нашиот народ се исправил воден од идеалите, храброста, енергијата, талентот и силата на младина, соочувајќи се со секаков вид тешкотии и победувајќи секаков вид закана“.

-Денес на Меѓународниот ден на младите, мојот апел до сите вас млади во црвено-црна боја е: Обединете се и земете ја во свои раце сопствената и иднината на нашата татковина!Време е да ја заштитиме иднината на Албанија и јас верувам во високата свесност и голема одговорност што ќе ја превземете за да ја извршите оваа висока задача со решителност и албанизам. Време е да се слушне вашиот глас! Да, Албанија ќе ја направат младите! Ако не вие кој друг?! Или денес или никогаш! завршува Мета.

На објавата тој постира фотографии од младинските демонстрации во почетокот на деведесеттите години од минатиот век.

Back to top button
Close