Мета не ја отфрла можноста да го свика Советот за национална безбедност поради влошената состојба со Ковид-19
Тој смета дека ситуацијата во земјата бара нова стратегија во консултација со земјите од ЕУ и Светската здравствена организација.
-Зголемувањето на бројот на граѓани погодени од Ковид-19 итно бара сериозен одраз, од државните институции, од владата, од опозицијата. Повеќе од неопходна е нова, конкретна и долгорочна стратегија, со добро дефинирани протоколи за справување и контролирање на растечкото ширење на оваа пандемија, која сериозно го загрозува здравјето и животот на граѓаните. Исто така е неопходна поинтензивна и поефикасна комуникација со соседните земји, со оние од регионот, со земјите од ЕУ и со СЗО, рече Мета.
За ова прашање, претседателот рече дека може да го повика Советот за национална безбедност.
„Секако, до сега сме имале неколку седници на Советот и доколку показателите се влошуваат, во договор со Владата, ќе свикам седница, рече Мета.
Тој упати апел до граѓаните строго да ги почитуваат мерките и протоколите, да се грижат за своето и здравјето на другите. Смета дека токму непочитувањето придонело за влошување на показателите и оти тоа „не помага да се отворат границите со ЕУ, ниту со соседите и земјите во регионот“.
Во Албанија во последните 24 часа се регстрирани нови 71 заразени а починале три лица, меѓу нив и еден лекар, што е втора жртва од Ковид-19 меѓу белите мантили.