Мета: Уставните измени се антиуставни и неприфатливи

Денешниот чин на еднострана измена на Уставот и итно неоправдан од Собранието со ограничен легитимитет, е неуставен и неприфатлив, оцени албанскиот претседател Илир Мета,во реакцијата,откако парламентот ги изгласа уставните измени со кои се укинуваат изборните коалиции.

Додава дека насилните измени во Уставот ги уништиле консензуалните договори од 14 јануари 14 и петти јуни кои овозможија сеопфатен процес и производ, уништвајќи ја довербата меѓу страните, социјалниот мир во земјата и процесот на евроинтеграции на Албанија.

-Опортунистичката реторика и лицемерието на некои од странците се против аспирацииите и стратешкиот проект на Албанците за градење европска иднина. Ниту една заложничка банда нема да може да избега од заслужениот одговор што ќе го добијат од обединетите граѓани против овој државен удар,напиша Мета на фејсбук.

Додава дека претседателот на Републиката како и секогаш ќе биде на чело на функцијата во одбрана на Уставот и војата на граѓаните да ја преземат судбината во свои раце.

-Еди Рама денеска го повика албанскиот народ на историско соочување. Денес се гордее дека е син на комуњар кој среде Кукс обеси поети за слободниот збор. Ние Албанците ќе одговориме со албанштина до крај,порача Мета.

Шефот на државата вчера попладне подвлекувајќи го значењето на политичкиот дијалог, ги повика партиите да го зачуваат духот на резултатите од договорот за изборните реформи од 5 јуни „што е многу важно за започнување на преговорите со ЕУ“.

-Твроглавоста во инсистирањето до датумот 30 јули, кој е поставен без да има конкретна цел, не е во интерес на Албанија, туку и штети на нејзината стабилност и европскиот пат,напиша Мета на Фејсбук.

Покрај Мета и странскте дипломати во Тирана и високи функцонери на ЕУ побараа од премиерот Еди Рама да не се донесуваат уставните измени без вонпарламентарната опозиција.

Back to top button
Close