Мета: Визната либерализација за граѓаните на Косово е неопходност

– Албанскиот претседател Илир Мета порача дека визната либерализација за граѓаните на Косово е неопходност што мора да се случи што е можно поскоро.

Тој го поздрави барањето на европратениците за укинување на визите за Косово, потенцирајќи дека „европската перспектива на Косово расте и зајакнува секој ден“.

„Либерализацијата на визите за граѓаните на Косово е повеќе од заслужена, и неопходност што мора да се случи што е можно поскоро. Го поздравувам политичкиот гест на 42 члена на Европскиот парламент, во знак на поддршка на европската перспектива на Косово, кој расте и се зајакнува секој ден како фактор на мирот и стабилност во регионот,напиша Мета.

Коорднаторот на парламентарната група на владејачката Социјалстка партија СП, Таулант Бала го поздрави барањето од европратеници до францускиот претседател Макрон и холандскиот премиер Руте за укинување на визите за Косово до крајот на 2020 година.

Од друга страна, Бала вели дека ЕУ го губи кредибилитетот и довербата со тоа што не го почитува исполнувањето на стандардите од страна на Косово.

„Целосно се согласувам со Андреј Коватчев дека ЕУ го губи кредибилитетот и довербата со тоа што не го почитува Косово за исполнување на сите технички стандарди. Благодарам на сите европратеници од сите политички групи за големата поддршка прикажана преку писмото испратено до претседателот Макрон и холандскиот премиер, напиша Бала.

Барањето го поздрави и лидерот на опозициската Демократска партија Љуљзм Баша,кој смета дека укинувањто на визите за косовските граѓани требало да се случи многу порано„зашто тоа го залужуваат“.вт/зш/

Back to top button
Close