Мета: Заклучоците на Стејт департментот загрижувачки, време е Албанците да ја земат судбината во свои раце

Албанскиот претседател, Илир Мета, реагираше по објавувањето на извештајот за инвестициската клима во Албанија, која се оценува како неповолна, поради корупцијата, особено во судството, недостигот на транспарентност во јавните набавки и лошото спроведување на договорите.

Според него заклучоците во извештајот се шокантни и посочува дека овој извештај доаѓа во време кога бизнис здруженијата, стопанските комори, вклучително и американската, постојано искажуваат загриженост за влошената бизнис клима и инвестиции.

Нагласува дека во оваа задушувачка клима за домашните и странските инвеститори, кога ЈПП и тендерите се насочени само на неколку олигарси, во услови на обиди за коруптивна фискална амнестија, како и недостаток на транспарентност во системот за набавки, неопходно е да се врати економијата во нормала во функција на одржливиот развој.

-Потсетувам на моите јавни повици до Специјалното обвинителство за борба против корупција, СПАК да започне истраги за сите постапки и предлози, со цел пред лицето на правдата да се изведат сите автори кои преку законот сакаат да ги исполнат нивните фаворизирани клиентелистички цели, наведува Мета.

Но, посочува, до денес не сум добил никаков одговор а за жал нема и никаква истрага.

-Злоупотребата на законските процеси и клиентелистичките интереси не можат да го стават во ќор-сокак процесот на интеграција и европската иднина на Албанија. Време е Албанците да ја земат судбата во свои раце, порачува Мета.

Back to top button
Close