Мета заработила 16 милијарди долари од лажни реклами
Компанијата Мета заработила околу 16 милијарди евра во 2024 година од прикажување реклами поврзани со измама и продажба на забранети стоки.

Според истражувањето на новинската агенција Ројтерс, тоа е 10 проценти од годишниот приход на Мета, која, меѓу другото, ги поседува социјалните мрежи Фејсбук, Инстаграм и Вотсап.
Имено, Мета не успеала да ја идентификува и запре „лавината од реклами“.






