МХД: За чисто Маврово и Mавровско езеро

По повод Светскиот ден на животната средина – 5 јуни, и во рамките на проектот „За чиста и здрава вода, стоп за загадувањето на водата„ на 05.06.2021 година Македонско – хрватското друштво и еколошко – нуркачкиот клуб „Пена“ спроведоа еколошка акција и нуркачки активности во Маврово и го чистеа Мавровското езерото.

Членовите на МХД и ЕД „Пена“ во и околу езерото извршија еколошко чистење, при што беа собрани големи количини на различен вид на отпад и отпадни материјали, како најлонски кеси, пластика, лименки и друго, што директно влијаат кон уништување на животната средина и на рибниот фонд.  Од езерото и околу него беа собрани најразлични отпад (пластика, хартија, најлонски кеси, отпадоци, стакло и др.) кои за водата причинуваат сериозни проблеми и последици по рибниот фонд и биодиверзитетот.

Основна цел на проектот е Подигање на свеста за екологијата и чување на природните богатства во Македонија како извор на здрава животна средина, додека специфични цели на проектот е подводно чистење на природните и вештачките езера од пластични предмети гуми, делови од моторни возила, разни метални предмети, а особено чистење од заостанати рибарски мрежи во кои се фаќаат рибите и угинуваат. Проектот започна на 21.03.2021 со активност во Тетово каде се реализираше еколошката акцијата за чистење на реката Пена и месноста Бањиче, а продолжи со чистење на езерото Матка. Во рамките на проектот предвидени се уште 2 еколошки акции со чистење на езерата Младост во Велес и Мавровското езеро. Подигање на свеста на зачувување на природата посебно на водата ќе има зголемено влијание во иднина бидејќи ќе допринесе да се намалување на загадувањето на природата и езерата и здрава животна средина.

Ова е завршен настан во склоп на проектот „За чиста и здрава вода, стоп за загадувањето на водата” поддржан од Цивика Мобилитас, а чија цел е подигнување на свеста за екологијата и чувањето на природните богатства во државата. Проектот „За чиста и здрава вода, стоп за загадувањето на водата “ е финансиски поддржан од програмата на Цивика мобилитас е програма за поддршка на граѓанското општество, а го имплементира Здружението на граѓани Македонско Хрватско Друштво (МХД).

Back to top button
Close